logo
logo
logo

ВТОР сомнителен случај на МАЈМУНСКИ СИПАНИЦИ сместен на Инфективната клиника

Vecer | 11.08.2022

ВТОР сомнителен случај на МАЈМУНСКИ СИПАНИЦИ сместен на Инфективната клиника

Вториот сомнителен случај на мајмануски сипаници во Македонија е сместен на скопската Инфективна клиника, дознава Алфа од свои извори во болницата. Пациентот со симптоми е мигрант кој што учествувал во сообраќајната незгода која што се случи вчера попладне, на автопатот Гевгелија – Демир Капија. Сомнителниот случај заедно со уште 48 други мигранти патувал кон границата со соседна Србија, со што најверајтно и тие биле изложени на заразната болест.

За првиот сомнителен пациент на мајмунски сипаници, за кој објави Алфа во вторникот вечерта, се уште се чекаат резултати. Во текот на вчерашниот ден требаше епидемиолошки тим да спроведе епидемиолошка анкета и да ги земе потребните материјали, да се испратат во Институтот за јавно здравје во Скопје, каде има услови да бидат направени тестирањата и анализите за присуство на мајмунски сипаници.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk