Дали лидерот на ДУИ, Али Ахмети не ја говореше вистината дека не знае кое е лицето Ерџан Сулкоски и дека не го познава иако тој бил бизнис партнер на неговиот зет, кој пак живее на адресата на Ахмети?
Според податоците од Централниот регистар, зетот за ќерка на лидерот на ДУИ Али Ахмети, Куштрим Смајлај, на почетокот на 2022 година направил заедничка фирма со бизнисменот Ерџан Сулкоски. Како што се додава тие направиле обрт од 12 милиони евра само во првата година, а профит од околу 2,5 милиони евра.
Куштрим Смајлај, во тој момент, германски државјанин со привремен престој во Зајас. Во документите од Централниот регистар не пишува дека истиот Куштрим Смајлај е зет на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, сопруг на неговата ќерка.
Но, по написите на медиумите за бизнисите поврзани со семејството Ахмети, односно пред месец дена Сулкоски го продал својот удел од 50% за 2 500 евра на Смајлај.
„Јас ве убедувам дека семејството Ахмети нема ништо со … како се викаше, Ерџан Сулкоски“, изјави претседателот на ДУИ, Али Ахмети, на 18 септември 2023 година.
🤣Некни @AliAhmeti тврдеше дека фамилијата Ахмети нема ништо со Ерџан Сулкоски, за денес @360stepeni да извади документи каде зет му Куштрим Смајлај е пријавен на негова куќна адреса во село Зајас како основач - партнер на фирмата КСА, токму со Ерџан
-
🔗 https://t.co/IDdD9hsRnC pic.twitter.com/VXNiXVnHHU
— Демир (@Trollowsky) September 21, 2023
Воедно Сулкоски кој Ахмети рече дека не го познава, станал дел од уште еден бизнис. За 24 000 евра добил 65% од компанијата РКМ, која во тој момент имала гарантиран бизнис од 112 милиони евра за набавка на мазут за потребите на државните Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), а годината (очекувано) ја заврши со профит од 6,2 милиони евра. Дотогаш РКМ била 100% сопственост на Ратко Капушевски.
Сето ова се случува неколку месеци откако РКМ добива два тендера за набавка на мазут за потребите на Електрани на Северна Македонија од вкупно 112 милиони евра, објави 360 степени.
Ако се погледне профитот, пак, „РКМ“ во 2018 година имала профит од околу 50 000 евра што и бил најдобар резултат се до 2021 година, кога профитот се искачил на 220 000 евра. Лани, добивката скокнала на 6,2 милиони евра.
Додека зетот на Ахмети е бизнис-партнер со Ерџан Сулкоски и прави профит од 2,5 милиони евра во првата година од работењето во фирмата „К.С.М. Интернационал“ – 2022-ра, истиот Сулкоски влегува како мнозински сопственик во фирмата „РКМ“ за мали пари во истата 2022 година кога „РКМ“ прави профит од 6,2 милиони евра, поради претходно обезбеден тендер за државните електрани тежок 112 милиони евра.