logo
logo
logo

ВРЕМЕТО ЌЕ БИДЕ УБАВО ЗА ПРВИ МАЈ – Еве што не чека деновиве

Vecer | 29.04.2025

ВРЕМЕТО ЌЕ БИДЕ УБАВО ЗА ПРВИ МАЈ – Еве што не чека деновиве

Утрото ќе биде ведро и посвежо, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.

Во Скопје, сончево со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Во наредните денови следува сончево и потопло време со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk