Автомобили да ја надминуваат дозволената брзина некако е очекуван момент и на такви ситуации сведоци сме сите и секојдневно (иако не би требало, се разбира), ама автобус полн со патници да „лета“ по автопат малку е нереално. Таква сцена синоќа е забележана на автопатот Тетово – Скопје, кога автобуски превозник дивјачки возел и претекнувал возила.
Иако има ограничување на брзината на автопатот, иако има и посебно ограничување на брзината на самиот автобус, возачот ништо од тоа не почитувал, претекнувал возила со десеттици километри над дозволената брзина, објави 24инфо.мк.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата