logo
logo
logo

Во Скопје по 31-ви пат „Оро без граници“

Vecer | 17.09.2022

Во Скопје по 31-ви пат  „Оро без граници“

Со почеток во 19 часот на плоштад „Македонија” ќе се одржи 31. издание на фестивалот „Оро без граници“.

Овој настан своите почетоци ги бележи во 1991 година. Се формира по иницијатива на тогашниот инструктор по фолклор Тофе Дракулевски.

Еден од главните и најсимболични моменти на фестивалот е дефилето на учесниците, каде се формира најголемото оро, оро кое не познава граници, оро кое е симбол на пријателство меѓу децата.

Главен покровител е Град Скопје, а е во организација на Детскиот културен центар „Карпош“. (МИА)

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk