logo
logo
logo

Во Прилеп почнува одбележувањето на 11 Октомври – Денот на народното востание

Vecer | 10.10.2022

Во Прилеп почнува одбележувањето на 11 Октомври – Денот на народното востание

Со традиционалниот импровизиран напад пред Меморијалниот музеј 11 Октомври и со огномет, вечер Прилеп го почнува одбележувањето на 11 Октомври – Денот на народното востание и 81 годишната од почетокот на антифашистичката борба во 1941.

Традиционалниот импровизиран напад вечер од 19,45 часот на некогашниот Участак, денес Меморијален музеј 11 Октомври е потсетување на виорните настани пред 81 година кога со нападот на тогашниот Участак на групите на партизанскиот одред „Гоце Делчев“ е означен почетокот на антифашистичката борба во Втората светска војна. На прилепчани, на камената бина на плоштадот „Александрија“ ќе им се обрати градоначалникот Борче Јовчески. Октетот „Прилеп“ ќе одржи концерт, а потоа и бендот „Peaches“. Традиционално вечер и утре на празникот Меморијалниот музеј „11Октомври“ е отворен за посетителите. Во чест на празникот од 20 часот во центарот за современа ликовн ауметност ќе биде отворена изложбата на Зоран Кардула под наслов „Star Wars & Makedonium“. Утре на празникот, делегации од владата предводена од министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, делегација на борците, од локалната самоуправа, на здруженија и граѓани ќе положат цвеќиња и ќе се поклонат пред споменикот на Методија Андонов Ченто, првиот претседател на президиумот на АСНОМ, пред споменикот на идеологот на народната револуција Кузман Јосифоски Питу и на Могилата на непобедените каде се моштите на 650 борци од НОБ и Револуцијата. Чествувањата утре почнуваат од 9,30 часот. Во рамките на одбележувањето на 11 Октомври – Денот на народното востание, во центарот на Прилеп утре од 10 до 15 часот ќе се одржува автомобилско шоу.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk