logo
logo
logo

ВО КРИТИЧНА СОСТОЈБА СЕ ТРОЈЦАТА ПОВРЕДЕНИ во пожарот кои се пренесени во Турција

Vecer | 17.03.2025

ВО КРИТИЧНА СОСТОЈБА СЕ ТРОЈЦАТА ПОВРЕДЕНИ во пожарот кои се пренесени во Турција

Тројца критично повредени во пожарот што избувна во ноќен клуб во Кочани синоќа беа пренесени во Турција со медицински авион на турското Министерство за здравство.

Авионот слета на аеродромот „Сабиха Ѓокчен“ во Истанбул, каде што повредените беа префрлени во центарот за изгореници при болницата „Башакшехир Чам и Сакура“ за понатамошен третман, јави Анадолија.

Како одговор на итното барање на македонските власти, Турција испрати два медицински авиони за евакуација.

Првиот авион ги транспортираше тројцата повредени во Истанбул, додека вториот, управуван од турското Министерство за одбрана, пренесе уште шест лица во болницата „Билкент“ во Анкара за специјализиран третман.

Турскиот министер за здравство, Кемал Мемишоглу, изрази сочувство и ја потврди подготвеноста на Турција да ѝ помогне на Македонија, нагласувајќи дека земјата останува подготвена да обезбеди дополнителна медицинска помош доколку биде потребно.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk