logo
logo
logo

Во ИЕ 6 ДУИ ПАЃА, ОПОЗИЦИЈАТА ВОДИ, во Двојка ВМРО дупло пред СДСМ,

Vecer | 02.04.2024

Во ИЕ 6 ДУИ ПАЃА, ОПОЗИЦИЈАТА ВОДИ, во Двојка ВМРО дупло пред СДСМ,

Изборите стануваат главна тема во јавноста, пред се од причина што доминантен дел од јавноста е незадоволен од валста и бара промени а изборите се токму тој пат до промените и, второ, се бара јасна програма за економските и национални теми која програма власта не може да ја понуди, помеѓу останатото, и затоа што седум години имала време да ги спроведе очекувањата но, спровела нешто сосема спротивно.

Двојната предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ се одржува и во месец март во изборните единици 2 и 6, а неизвесна е трката помеѓу ДУИ и Албанската опозиција.

Имено според анкетата на ИПИС објавена во емисијата Објектив на МРТ а спроведена во месец март на прашањето за која партија би гласале на престојните избори, во втората изборна единица најмногу 20,4% од испитаниците се определиле за ВМРО-ДПМНЕ, а 11,1% за СДСМ. По нив следат ДУИ со 7,4%, албанската опозиција со 6% и движењето ЗНАМ со 5,6% доверба од анкетираните.

Во шестата изборна единица најголема доверба меѓу граѓаните во месец март имале Европскиот сојуз за промени (албанската опозиција) со 20,2%, а веднаш зад нив ДУИ со 20%.

ВМРО-ДПМНЕ бележи 8,6% доверба во ИЕ 6, а СДСМ има 4% поддршка од анкетираните.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk