logo
logo
logo

ВНИМАВАЈТЕ кога и каде возите: Утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Vecer | 22.07.2021

ВНИМАВАЈТЕ кога и каде возите: Утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека на подрачјето на Скопје на 23.07.2021 (петок), во временскиот период од 18: 45 часот до 20:30 часот, поради протестен марш, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

Почетокот на протестот е најавен од  18Ч45 часот пред Министерство за надворешни работи, на ул.„Филип Втори Македонски", па по ул.„11 Октомври", ул.„Димитрие Чуповски",  ул.„Васил Главинов", потоа по бул.„ВМРО" и бул.„Илинден" (пред Владата на Република Северна Македонија) до завршување на протестот најавено за 20.30 часот.

Од тие причини, Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници по сообраќајницата каде што ќе се одвива настанот со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk