logo
logo
logo

Внимавајте каде поминувате улица! НАПИШАНИ 197 казни на пешаци!

Vecer | 09.02.2023

Внимавајте каде поминувате улица! НАПИШАНИ 197 казни на пешаци!

Во текот на вчерашниот ден (08.02.2023) во периодот од 08 до 12 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. При контролата, санкционирани се 197 пешаци од кои, 175 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин…

За време на контролата регистрирани се и 49 останати прекршоци.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници, велат од МВР.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk