logo
logo
logo

Анкета

ВМРО-ДПМНЕ ВОДИ ПРЕД СДСМ, граѓаните имаат ниска доверба во државните институции

Vecer | 25.05.2023

ВМРО-ДПМНЕ ВОДИ ПРЕД СДСМ, граѓаните имаат ниска доверба во државните институции

На прашањето „Доколку изборите се одржат следната недела за која партија би гласате?“, повеќе од половина од испитаниците одговориле дека не би гласале или дека не знаат за кого би гласале. За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 17% од испитаниците, додека за СДСМ 12%. Граѓаните имаат ниска доверба во државните институции и во политичките партии.

ДУИ доби поддршка од 8% од анектираните граѓани, 4% изјавија дека би гласале за Левица, 3% за Алијанса за Албанците, додека 1% поддршка добило Движењето Беса.

Истражувањето е спроведено од Институтот за демократија Социетас Цивилис – Скопје (ИДСЦС), врз основа на анкетното истражување кое содржи 60 прашања, спроведено во фокус-групи во април, во 8 плански региони во земјава, со вкупно 77 учесници, демографски поделени по возраст, род, професија, етничка припадност, место на живеење и политичка определба.

Теренската анкета била спроведена во периодот 22 февруари – 9 март 2023 година, со примерок од 1.002 испитаници над 18-годишна возраст на целата територија на државата, преку методот лице в лице.

Во однос на најважните институции во политичкиот систем, Претседателот на државата има највисока доверба  – 3,6, додека најниска оценка добило судството со 2,7. Собранието (3,4) и Владата (3,3) беа оценети речиси исто. Граѓаните имаат ниска доверба и во јавното обвинителство (2,7) и во политичките партии (3.0). Генерално, може да се забележи ниска доверба во сите општествени чинители и државни институции.

Истражувањето покажува дека повеќе од две третини сметаат дека животот во државата се движи во погрешна насока (69%), додека најпесимистички настроени се жителите од Вардарскиот регион (80%).

За подобро да се разберат ставовите на граѓаните за политичарите и политичките партии, во текот на истражувањето била употребена вежба со персонификација, при што било побарано од учесниците да поистоветат политичка партија со бренд на автомобил. Учесниците главно ги поистоветуваат сите политички партии со скапи и брзи коли, но истовремено и со автомобили кои често се расипуваат и за кои е потребен скап сервис.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk