logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ: Таравари на состаноци не се интересираше за Закон за јазици,СЕ ИНТЕРЕСИРАШЕ ЗА ГРУБИ, ЗАЕВ И БИЗНИСИ НА ДУИ

Vecer | 13.05.2025

ВМРО-ДПМНЕ: Таравари на состаноци не се интересираше за Закон за јазици,СЕ ИНТЕРЕСИРАШЕ ЗА ГРУБИ, ЗАЕВ И БИЗНИСИ НА ДУИ

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ одговорија на вчерашните обвинувања на Арбен Таравари кој ја напушти власта за  за попречување на положбата на Албанците и неговото незадоволство што Македонија стагнира на патот кон ЕУ.

Оттаму посочуваат дека Таравари на владините состаноци не се интересирал за тоа, но затоа се интересирал за концесионерот на паркинзи на Клинички центар Ѓока, за Артан Груби, за Зоран Заев и за нивните бизниси, и  важни прашања за ДУИ.

Вечерва партијата ќе  има редовна седница на Извршниот комитет на која што ќе се разговара и за ова прашање. Демантираме дека досега било разговарано за било каква размена на министерства или ресори, или за тоа кој ќе го превземе Министерството за здравство. Тоа не е вистина, рече Манасиевски.

Што се однесува до самиот Таравари, би сакале да го истакнеме следново:

А тоа е од оние активни учесници во Владата може да се дознае дека господинот Арбен Таравари навистина бил активен учесник на овие состаноци.

Но, на тие состаноци, господинот Таравари никогаш не разговарал за Законот за јазици, никогаш не разговарал за законско регулирање на балансерот. Не зборувал ниту некогаш некој го слушнал да зборува за ЕУ интеграциите,  дека се блокирани поради наследениот спор со Бугарија, создаден токму од оние во чии прегратки сега оди.

Но, знаеме дека се интересирал за концесионерот на паркинзи на Клинички центар Ѓока, затоа што е исфрлен од игра. Живо се интересирал за господинот Артан Груби, за господинот Зоран Заев и за нивните бизниси, и  важни прашања за ДУИ.

Не може некој да смета дека може да биде дел од Владата, а притоа да седи во прегратките на криминалот СДС и ДУИ. Тоа е нашето ветување пред граѓаните, потенцираше Манасеивски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk