logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ:

ЛАЖНА вест е дека Владата набавува лосос и ракчиња, но НЕ Е ЛАЖНА вест дека Заев гради згради во Дубаи

Vecer | 09.03.2025

ЛАЖНА вест е дека Владата набавува лосос и ракчиња, но НЕ Е ЛАЖНА вест дека Заев гради згради во Дубаи

Лажна вест е дека Владата јадела ракчиња и лосос, затоа што беше јасно ставено до знаење дека се работи за рамковна спогодба за набавка на храна, која се набавува доколку има потреба за посета на делегации, а не дека таква храна навистина е набавена, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Впрочем тоа е истата јавна набавка која ја правела и владата на Венко Филипче. Само има една крупна разлика, а тоа е што Венко Филипче јадел ракови, школки и лососи со украдените пари, истите тие пари со кои сега Зоран Заев гради згради во Дубаи, а Венко Филипче ги троши парите од крвавите тендери и „Стабри“ провизиите кои ги правеше додека беше министер, а илјадници луѓе ги загубија своите животи во ковид кризата, посочуваат од владејачката партија и додаваат дека Венко Филипче треба да објасни како стигна до хациенда во Нерези изградена од истата фирма која добиваше тендери кога тој беше министер за здравство?

-Како веднаш до него има куќа токму неговиот директор на Клинички центар? И како се стига до сопственички удел и банкарски сметки во Дубаи?, се наведува уште во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk