logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ ги осудува негаторски и асимилаторски пароли искажани денес среде Скопје

Vecer | 14.01.2023

ВМРО-ДПМНЕ ги осудува негаторски и асимилаторски пароли искажани денес среде Скопје

ВМРО-ДПМНЕ ги осудува негаторските и асимилаторски пароли кои се навреда за чувствата на Македонците искажани денес среде Скопје при панихидата на Мара Бунева. „Ваквите изјави со кои се негира Македонија се последица на предавничките политики на СДС и Ковачевски. Уште посрамно е што за сето ова молчат државните институции, затоа што Бујар Османи и ДУИ како и Ковачевски и СДС се фокусирани кон криминал и тендери, наместо кон одбрана на државните интереси. Негирање на Македонија, во главниот град на Македонија е придобивката од политиките на Ковачевски, СДС и ДУИ. Џамбаски е дијагнозата со која СДС и Ковачевски ја донесоа во Македонија со својата безлична и предавничка политика. За да им поминуваат криминалите, СДС и ДУИ се попустливи кон секој кок има аспирации кон Македонија“ – се наведува во партиското соопштение.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk