logo
logo
logo

Цуцуловски

„Власта, а со неа и државата, се во целосен колапс како резултат од нечовечната лакомост“

Vecer | 05.08.2021

„Власта, а со неа и државата, се во целосен колапс како резултат од нечовечната лакомост“

Професорот Љубомир Цуцуловски коментирајќи ја актуелната ситуација со пожарите вели дека ни се случува целосен колапс.

- Што може да се каже во врска со пожарите, кои сѐ повеќе ја зафаќаат Македонија, освен дека власта, а со неа и Државата, се наоѓаат во целосен колапс, како резултат од нечовечната лакомост, самообземеностa и негрижата/неодговорностa за животите и судбините на луѓето, граѓаните, вели Цуцуловски.

Тој додава дека дури и животинчето – верверичката, на пример – умее да ги антиципира настаните што следат,  затоа, навреме се подготвува за зимата.

- Песот, за секој случај, останатата коска, грижливо ја обезбедува/закопува. За разлика од животните/ајванчињата овие (не знам како да ги наречам) ниту едно противпожарно средство не набавиле, ниту постоечките антипожарни средства го сервисирале, ниту на каков било начин се организирале и координирале, пишува Цуцуловски на Фејсбук и додава:

„Сепак, на најбезобразен начин се чаталат – никој од нив не помислувал на оставка, бидејќи секој од нив, без каква било грешка, го направил она што требало да го направи. Вината била кај другите. Другитете ја бараат кај првите. И сѐ така, во бескрајно бесрамен круг“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk