logo
logo
logo

Владев: СТОТИНА ГРАЃАНИ ОД СВЕТИ НИКОЛЕ НА УЛИЦА поради СДСМ

Vecer | 21.07.2021

Владев: СТОТИНА ГРАЃАНИ ОД СВЕТИ НИКОЛЕ НА УЛИЦА поради СДСМ

Што се случува денес со текстилните работници во една од најголемите текстилни фабрики во Свети Николе во која до пред пет години работеа преку 1.000 работници. Стотина вработени на определено време останаа без работа. Има најава од раководниот тим на оваа фабрика дека во наредниот период уште стотина други вработени ќе бидат прогласени за технолошки вишок, изјави Дејан Владев од ВМРО-ДПМНЕ.

Владев потсети дека пред само една година, во предизборниот спот во кампањата за парламентарните избори, еден од челниците на СДСМ во просториите на една од текстилните фабрики во Свети Николе кажуваше дека правата на работниците се светост, ветуваше повисоки плати и пристоен живот за текстилните работници.

- Моментално вработените се испратени на принуден одмор и им се поделени решенија за плата со кој им се исплатува 70% од личниот доход. Стравот и неизвесноста се секојдневие за овие работници бидејќи на крајот на работниот ден чекаат да видат дали ќе им биде доделено отказно решение. Само да споменеме дека еден од сопствениците на оваа фабрика е поранешен пратеник од СДСМ и актуелен претседател на Организацијата на работодавачи на Република Македонија, рече тој.

Владев потенцира дека  граѓаните на Свети Николе прашуваат и шпекулираат дали на овој начин се обидуваат да затворат едната фабрика која е Акционерско друштво за да може да се продолжи со работа во другата која што е ДООЕЛ?

Тој нагласи дека ситуацијата да биде уште потрагична, само неколку дена претходно пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија поднесоа амандман за финансиска поддршка на работниците од текстилната индустрија кој беше експресно одбиен од пратениците на СДСМ. А, тука глумат загриженост за нив.

- Престанете да си играте со чувствата на овие текстилни работници и да глумете лажна емпатија. Престанете да ги гледате само како број, само како глас. Потребно е да се изнајде систематско решение со кое еднаш засекогаш ќе се решат првата на текстилните работници. А, вакво Решение Вие не можете да изнајдете бидејќи Вас ве интересираат само дневно политички работи заради добивање на по некој глас. Затоа после локалните избори следуваат предвремени парламентарни избори после кои ќе дојдат чесни и стручни луѓе кои ќе изнајдат соодветно решение со кое конечно ќе се решат правата на текстилните работници, изјави Владев.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk