Непотребно е донесувањето на законот за амнестија, оцени Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој смета дека неговата примена, нема да ја промени состојбата со пренатрупаноста во затворите, а како што вели, не е ниту момент за амнестија.
„Прво, не е соодветно ниту времето, ниту моментот на носење на Закон за амнестија. Второ, опфатот кој што е барем соопштен дека ќе опфати прилично мал број на лица, исто така нема да помогне во многу.Нема да имаме никави ефекти во однос на носењето на законското решение, нема да допринесе значително да се ослободат места итн или да се намали притисокот на КПУ. Јас мислам дека треба државата стратешки да размислува во зголемувањето на капацитетие на затворските институции“, изјави Оливер Спасовски, Министер за внатрешни работи.
Според него, амнестираните многу често по излегувањето од затвор ги повторуваат делата.
„Ние секогаш укажуваме на тоа дека тие лица кои сториле кривични дела, пред се, разбојништва, тешки кражби итн, претставуваат уште еден терет за безбедносната состојба, или ако ги погледнеме минатите закони за амнестија ќе видите дека најголемиот дел од тие лица за два до три месеци повторно се враќаат назад заради тоа што имаат повторно кривични дела со кои ние секојдневно се справуваме“, вели министерот за внатрешни работи.
Од друга страна, премиерот Ковачевски најавува дека ако е потребно ќе достават амадмани доколку со законот се отвара можност на слобода да се најдат осудените од случајот „Монструм“.
Министерот Кренар Лога, кадар на Алијанса пак се прави дека „не е од овде“ и вели дека од затвор не излегувале академици туку затвореници.
Законот ќе влезе во Собрание без негов потпис туку со параф на неговата заменичка од СДСМ.
Законот за амнестија подготвен од Министерството за правда, пред пратениците е предвидено да се најде за десетина дена. Опозицијата се противи на неговото донесување и најави бројни амандмани. Власта пак со амандман ќе спречува од затвор да излезат и помагачи на тешки кривични дела.
За кои дела 286 лица треба да добијат амнестија
Тешка телесна повреда, загрозување со опасно орудие при тепачка или караница, против правно лишување од слобода, грабнување, мачење и другo сурово нечовечно или понижувачко постапување и казнување, малтретирање во вршење на служба, загрозување на сигурност, нарушување на непроверливост на домот, злоупотреба на лични податоци, повреда на работа од работен однос, повреда на угледот на Република Македонија, излагање на подбив на македонскиот народ и припадници на заедниците, одземање на малолетник, запуштање и малтретирање на малолетно лице, пренесување заразна болест, неовластано производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и останато, овозможување на употреба на наркотични дроги, тешки дела против здравјето на луѓето и така натаму, узурпација на недвижности, мачење животни, кражба, предизвикување тешка гражба, безсправно грдење, уцена, измама, лихварство.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата