logo
logo
logo

ВИКЕНД СО ДОЖД, утре и ќе дува силен ветер, а недела...

Vecer | 09.05.2025

ВИКЕНД СО ДОЖД, утре и ќе дува силен ветер, а недела...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Врнежите ќе бидат пообилни, особено во јужните делови каде ќе наврнат од 20 до 30 литри на квадратен метар, а во останатите делови од 10 до 15  литри на квадратен метар. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 25 степени Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и во деновите на викендот ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд. Утре ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, а в недела попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk