logo
logo
logo

ВИДЕО: Туристите „заглавија“ на Попова Шапка, илјадници возила го блокираа патот повеќе од 3 часа

Vecer | 23.01.2023

ВИДЕО: Туристите „заглавија“ на Попова Шапка, илјадници возила го блокираа патот повеќе од 3 часа

На официјалното отворање на скијачката сезона на Попова Шапка која започна вчера, туристите на центарот останаа речиси 12 часа.Скијачкиот ден заврши околу 16 часот, мракот се спушти, но посетителите не можеа да се вратат дома. Патот Тетово- Попова Шапка, беше блокиран повеќе од 3 часа. Возачите со своите семејства и пријатели кои уживаа во прекрасниот сончев ден и белите падини на ски – патеките, нервозни останаа заглавени во возилата, објави утрово СлободенПечат.

„Мора да има вакви како да ги наречам инциденти. Чекаме во возилото повеќе од 2 часа, тргни неколку метри па застани. Нема никаква организираност во однос на сообраќајниот режим. Сите знаевме дека денеска е официјален почеток на ски – сезоната и се знае дека тука на центарот ќе има илјадници возила и требаше полицијата да внимава кој каде паркира. Кога стигнав јас сабајле на центарот, не видов полиција по патот, па така несовесни возачи паркираа на самиот пат и затоа патот е блокиран, дополнитено и сега моментално од Тетово кон Попова Шапка одат возила и тоа дополнително го отежнува возењето. Две ленти на патот се блокирани на одредени места од паркирани возила, ние одиме надолу, некој се качува нагоре и затоа е блокиран патот, нема друго објаснување. Полицијата не требаше да ги пушта возилата да се паркираат каде ќе им текне и сега не треба да се пуштаат да одат возила кон Попова Шапка, додека ние не се симнеме надолу“, раскажа синоќа за „Слободен печат„ еден возач.

Попова Шапка нема доволно паркинг места да опслужи илјадници возила, кои за време на скијачката сезона доаѓаа во центарот, па така голем број од возачите се паркираат долж патот Тетово – Попова Шапка, но со насоки од припадници на полицијата, со цел да се избегне сообраќајниот хаос како синоќа.

Но, од СВР Тетово велат дека и вчера во пресрет на официјалното отворање на новата скијачка сезона, на Попова Шапка преземени се сите неопходни мерки и целосно бил покриен регионалниот пат Тетово-Попова Шапка со поголем број полициски службеници и возила.

Целиот текст тука.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk