logo
logo
logo

(ВИДЕО) Софијанова се закани на новинар откако ѝ покажа документ дека земала 3000 евра месечно

Vecer | 13.10.2022

(ВИДЕО) Софијанова се закани на новинар откако ѝ покажа документ дека земала 3000 евра месечно

Новинарот Фуркан Салиу ја соочи директорката на Детската клиника Аспазија Софијанова со огромни суми кои таа ги добивала како директорка и доктор. Според тоа што се слуша на видеото Софијановаа добивала над 3000 евра месечно од клиниката а огромен дел одтоа се надомест за дежурства на кои според Салиу таа не била на работа. Кога Салију и ги подава документите издадени од Клиниката што ја води таа му се заканува Притоа таа признава дека се работи за оригинални документи од клиниката и бара новинарот да и ги даде имињатана тие што ги откриле документите за медиумот. Според видеото Софијанова земала повеќе пари за дежурства отколку што и е основицата на плата. Видеото завршува со закана од Софијанова дека ќе се јави некаде од каде Салиу треба да биде дисциплиниран.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk