Денес се наоѓаме во Богомила, село кое што се наоѓа во срцето на Македонија. За жал, како и останатите села во Република Македонија и ова село кое што до пред 20-тина, 30 години броеше повеќе од 1500 жители, денес брои околу 200 жители, вели пратеникот Игор Здравковски, кој заедно со својот тим беше во посета на населени места и оствари средби со граѓани во рамките на акцијата “Ова е Македонија за сите“.
Здравковски истана дека жителите кои што останаа да живеат во Богомила, претежно, се занимаваат со земјоделие кое во македонското општество стана голема рана, затоа што откако СДСМ се на власт доцнат субвенциите, се зголеми увозот на храна и многу ниви останаа необработени и ненасадени.
Освен доцнење на субвенциите, Здравковски додаде дека земјоделците се соочуват и со проблем на доцнење на процесите што значи доцнење апликациите за нови субвенции затоа и тоа затоа што државната каса е испразнета поради лошите политики и договорите за изградба на коридорите.
„Она што е уште пожално, е тоа што овие кои што останаа тука се занимаваат претежно со земјоделие, меѓутоа земјоделието е една голема рана на македонското општество, затоа што имаме зголеме увоз на храна, имаме намлено производство, имаме многу необработливи површини. Субвенциите каснат во изминатите години откако СДСМ се на власт и оваа година, долпнително, имаме доцнење со процесите кои што би значеле апликација за нови субвенции, затоа што касата на Република Македонија е испразнета поради лошите и погубни политики и договори што се направија со Бехтел и Енка“, истакна Здравковски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата