logo
logo
logo

ВЕЌЕ СЕ ЗНАЕ ИДНИОТ ГУВЕРНЕР НА НАРОДНА БАНКА – Еве што вели претседателката

Vecer | 20.05.2025

ВЕЌЕ СЕ ЗНАЕ ИДНИОТ ГУВЕРНЕР НА НАРОДНА БАНКА – Еве што вели претседателката

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во изјава за медиумите не го откри името на кандидатот што ќе го предложи за иден гувернер. Таа рече дека веќе знае кој ќе биде предлогот за иден гувернер на Народната банка.

Не го кажувам прво името пред новинарите, се надевам дека не се лутите, но веќе мислам дека знам. Со право се создаде дебата и прашања, но сепак мислам дека е нешто што треба да се практикува за секоја функција – да седнете со сите кои се споменуваат и да разговарате. Да ги прашате што мислат за другите или што мисли дека тој ќе направи, а не е направено. Уште повеќе би сакала да има повеќе кандидати, но, тоа не е можно секогаш – изјави Сиљановска-Давкова.

Претседателката требаше вчера да го достави предлогот до Собранието, но, од нејзиниот Кабинет, информираа дека ќе направи дополнителни анализи по што предлогот ќе го достави до Парламентот.

Како што пренесуваат дел од медиумите, како тројца најсериозни кандидати се споменуваат актуелната гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска, професорот на Економскиот факултет Трајко Славески и поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески.

Мандатот на актуелната гувернерка завршува утре.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk