logo
logo
logo

УЖИВАЈТЕ ВО ТОПЛОТО ЗА ВЕЛИГДЕН, оти потоа нови дождови

Vecer | 17.04.2025

УЖИВАЈТЕ ВО ТОПЛОТО ЗА ВЕЛИГДЕН, оти потоа нови дождови

Времето претпладне ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и појава на грмежи.

Според прогнозата на УХМР, процесите ќе бидат поинтензивни кон крајот на денот и во текот на ноќта, кога наместа ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 24 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 24 степени.

-Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно, сончево и топло. Од почетокот на следната седмица повторно ќе настапи дестабилизирање на времето со повремени врнежи од дожд и грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. (МИА)

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk