logo
logo
logo

КИЧЕВО - ОХРИД БИДНА, па сега и ТЕТОВО -ГОСТИВАР ќе се прави?!

Утре ИЧ НЕ ТРГАЈТЕ накај Стража - заради ПРИГОДНА СВЕЧЕНОСТ, сообраќајот ќе се пренасочува

Vecer | 03.04.2023

Утре ИЧ НЕ ТРГАЈТЕ накај Стража - заради ПРИГОДНА СВЕЧЕНОСТ, сообраќајот ќе се пренасочува

Секторот за внатрешни работи Тетово ги известува и посетува граѓаните дека утре, вторник, 4 април 2023 година, од 11 часот и 45 минути до 13 часот и 15 минути, на потегот од Стража до тетовски Групчин, ќе се воведе посебен сообраќаен режим поради одржување на пригодна свеченост по повод започнувањето на градежните работи на автопатот Тетово – Гостивар.

Во овој период целосно ќе биде запрен товарниот сообраќај, при што товарните возила кои ќе бидат затекнати на автопатот ќе се исклучуваат од сообраќај, а ќе бидат отворени сите регионални патни правци на подрачјето кои ќе се користат за таа намена.

-Што се однесува до патничкиот сообраќај од Скопје кон Тетово ќе се одвива до клучката Југ и потоа ќе се пренасочува по регионалните патишта, а од Гостивар кон Тетово ќе се одвива до клучката Камењане и ќе се пренасочува по регионалните патишта, порачаа од СВР Тетово.

Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до возачите да ги почитуваат наредбите и насоките од полициските службеници, како и сообраќајната сигнализација која дополнително ќе биде поставена на овој потег.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk