logo
logo
logo

УШТЕ ЕДЕН СКАНДАЛ ВО СОБРАНИЕ: Апасиев со чевелот удираше печат на амандманите

Vecer | 20.11.2023

УШТЕ ЕДЕН СКАНДАЛ ВО СОБРАНИЕ: Апасиев со чевелот удираше печат на амандманите

Претседателот на Левица и пратеник Димитар Апасиев со чевел им ставаше печат на амандманите во Собранието. 

„Ова е по сите шверцерски стандарди на ДУИ“, рече Апасиев. 

Имаше забелешка дека 2.500 амандмани на Левица не биле заверени и само 12 од нив биле исправни. Затоа Апасиев го соблече чевелот и со него „удираше“ печат врз амандманите и му ги доставуваше на спикерот Горан Мисовски.

„Првиот ден кога ќе паднете од власт ќе го кркате за ова. Амандманите на Левица не се доставени и за секој амандман се води претрес и се дебатира по секој. 2.500 амандмани архивирани и заведени и се фрлени од сатрапот Таљат Џафери. За да не се секирате дека некој е со печат некој не е, да не се чувствувате повредени, јас како Џорџ Буш со чевелот тука ќе ви ставам печат, еве ви го првиот, еве го и вториот амандман. Сакате со спајалици или без спајалици? Еве ви го четвртиот и еве го петтиот архивиран. Вака кога ќе дојдете вие, сами ќе си ги фрлате амандманите во една корпа зелена оти вие сте зелени“, вели Апасиев. 

Претходно, пратеникот Борислав Крмов фрлаше амандмани кон Мисовски и скрши монитор. 

Апасиев и Крмов со денешните говори, кршење на монитори и фрлање со хартија го прекршија етичкиот кодекс на Собранието за кој имаат потпишано изјава дека ќе го почитуваат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk