logo
logo
logo

Загрозена е неговата безбедност

Упатени ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ кон градоначалникот на Гази Баба

Vecer | 12.09.2023

Упатени ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ кон градоначалникот на Гази Баба

Вечер.мк дознава дека загрозена е безбедноста на градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски.

Ваквата ситуација доаѓа по спроведувањето на рушењето на дивоградба изградена на земјиште на Република Македонија во Инџиково која беше срушена минатата недела од страна на инспекциските служби на општина Гази Баба.

https://vecer.mk/makedonija/stefkovski-od-5-sabajle-rusheshe-namesto-divogradba-kje-ima-gradinka-vo-indhikovo/

Како што дознаваме, вчера претпладне во дворот на општина Гази Баба, две лица кои според нашите информации, се во роднинска врска со лицето кое незаконски го градел објектот подолго време чекале да излезе градоначалникот Стефковски од просториите на општината со цел да се пресметаат со него.

Како што дознаваме закани по животот и безбедноста на градоначалникот Стефковски и лицата вработени во инспекциските служби имало и за време на водењето на целата постапка за дивоградбата.

Официјална потврда од страна на градоначалникот Стефковски и општина Гази Баба до овој момент немаме, но очевидци говорат дека во текот на вчерашниот ден е забележано полициско присуство во дворот на општината.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk