logo
logo
logo

УЈП ПРЕДУПРЕДУВА: Граѓаните да не отвораат СМС И ДА НЕ ДАВААТ ПОДАТОЦИ КОН ЛАЖНИОТ САЈТ ujpmk

Vecer | 13.02.2023

УЈП ПРЕДУПРЕДУВА: Граѓаните да не отвораат СМС И ДА НЕ ДАВААТ ПОДАТОЦИ КОН ЛАЖНИОТ САЈТ ujpmk

УЈП ги предупредува граѓаните дека непознат испраќач прави измама користејќи го логото на управата и на граѓаните им бара да внесат податоци кои подоцна може да бидат злоупотребени.

Управата за јавни приходи ги информира граѓаните дека  вчера и денеска, непознат испраќач користејќи го логото на УЈП, преку СМС пораки се обидел да наведе граѓани да споделуваат лични и податоци од дебитни и кредитни картички. Пораките се испраќани од телефонскиот број +38979212628 со следната содржина ,, Извршете ја задолжителната  пријава на УЈП  https://ujp.mk/verifikacija Овој линк е лажен и не  води кон електронска адреса на Управата за јавни приходи.

Управата за јавни приходи апелира да не се отвораат овие пораки и да не се отвора линкот, а доколку некој го отворил линкот, да не ги пополнува полињата во кои се бараат лични податоци од граѓаните, затоа што  истите можат да бидат злоупотребени.

Управата за јавни приходи ги презема сите неопходни активности за справување со конкретната ситуација.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk