logo
logo
logo

„Цепај сине“: Ѕоф и „Арс Ламина“ во нова хуманитарна акција

Vecer | 07.12.2023

„Цепај сине“: Ѕоф и „Арс Ламина“ во нова хуманитарна акција

Неодамна од печат во издание на „Арс Ламина“ излезе новата хит-книга на авторот Зоран Спасов-Ѕоф насловена како „Цепај сине“.

Како и со сите досегашни изданија, така и овој пат Ѕоф и „Арс Ламина“ целосниот приход од продажбата од оваа книга ќе го донираат во хуманитарни цели. Со средствата од оваа хуманитарна акција ќе се изгради катче за игра и детска библиотека за пациентите на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести во Скопје.

Доколку сакате да се вклучите во оваа благородна акција, купете и подарете примерок од оваа урнебесна книга на своите блиски, пријатели, колеги или деловни соработници.Нарачајте преку е-адресата: [email protected] или во „Литература.мк“.Компаниите можат да платат и преку фактура.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk