Сите три „Ер трактори“ се сервисирани, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на подготвеноста на институциите за справување со пожари во пресрет на летната жешка сезона.
Премиерот додаде дека воздухопловите се во Хрватска, каде останале поради силното невреме, но час поскоро ќе бидат во Македонија.
-Направено е комплетно сервисирање на сите оние возила воени кои беа пренаменети за противпожарни. На Влада донесовме заклучок за забрана за движење во шуми од 1 јули, истакна Мицкоски.
Додаде дека општините преку ЗЕЛС добиле насоки да ги проверат сите депонии, во смисла дали ги исполнуваат условите, а доколку не да бидат санкционирани.
-Како Влада ги преземавме сите мерки, но факт е дека сезоната е таква каква што е. Имавме дождлива пролет, имаме висока тревна површина која со високите температури ќе се суши и ќе биде подложна на ваков тип на влијание, вели премиерот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата