Владата на ДУИ и СДС ја претворија Македонија во ветена земја за криминал и корупција. А токму тие се на врвот на тој криминал. Нема ден да не помине, а во јавноста да не излезе афера или коруптивен скандал, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека тоа што во други земји се случува еднаш во годината, кај нас, за жал, стана секојдневие.
- Затоа Македонија е најсиромашна, најкорупмпирана и економски најлоша земја во Европа. Само вчера беа актуелни три коруптивни скандали. 40 милиони евра се дадени за лиценциран софтвер на компанијата на колегата на Ковачевски од факултетот каде што предаваше.
Во европска земја еден скандал од овие да се случи, владата веднаш би си поднела оставка, а кај нас мафијата на власт око не и трепнува. Фрлени се на крадење и на криминал затоа што знаат дека броени им се деновите. Мислат дека со измени на КЗ ќе се спасат од одговорност, но се лажат. Секој залак што го украле ќе им преседне, и за секој денар што го украле ќе одговараат, се вели во партиското соопштение.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата