logo
logo
logo

Три години од автобуската несреќа во Бугарија во која загинаа 45 лица

Vecer | 23.11.2024

Три години од автобуската несреќа во Бугарија во која загинаа 45 лица

Поминаа три години од кобната автобуска несреќа на автопатот „Струма“ во која животот го загубија 45 македонски државјани, а седуммина беа тешко повредени.

Компанијата доби четиригодишна забрана за меѓународен превоз и парична казна од 800.000 денари. Беким Хаџиу, сопственикот на Беса Транзит, е осуден на една година и осум месеци затвор за фалсификување на документи кои потоа ги користеле возачите кога со автобуси со патници излегле од државата.

Автобусот на Беса Транс во раните утрински часови на 23 ноември се судри со ограда на автопатот Струма кај селото Бошнек. Непосредно пред раскрсницата Бошнек излетал од патот, удрил во заштитна ограда и потоа се запалил при што загинале 45 лица, од кои 13 биле деца.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk