logo
logo
logo

Тошковски: За намалување на гужвите, ПРОВЕРЕТЕ ОНЛАЈН ЗА СТАТУСОТ НА ВАШИОТ ПАСОШ

Vecer | 25.02.2024

Тошковски: За намалување на гужвите, ПРОВЕРЕТЕ ОНЛАЈН ЗА СТАТУСОТ НА ВАШИОТ ПАСОШ

Министерот за внатрешн работи Панче Тошковски соопшти дека денес е ставен во функција, системот за проверка на статусот на пасошите.

Денес го ставивме во функција, она што го најавивме претходно, а се однесува на можноста граѓаните на Град Скопје кои се фотографирале во редовна постапка на пунктовите “Пролет“ и “МТВ“ да го проверат статусот на нивниот пасош, односно дали истиот е во процес на изработка или е изработен и може да се подигне.

Со оваа функција значително ќе се придонесе кон намалување на гужвите кои се создаваа бидејќи граѓаните беа приморани да чекаат и по неколку часа само за да се информираат дали нивниот пасош е изготвен.

Исто така, во тек е надградување на овој систем со цел да се овозможи ваквата проверка да биде достапна и за останатите пунктови, како и за статусот на личните карти.

Проверката може да се направи на следниот линк:

https://termin.mvr.gov.mk/document_status

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk