logo
logo
logo

„Тоа што се купуваше пред неколку години за 500 денари, СЕГА НЕ МОЖЕ НИТУ СО 1000 ДЕНАРИ“

Vecer | 26.09.2023

„Тоа што се купуваше пред неколку години за 500 денари, СЕГА НЕ МОЖЕ НИТУ СО 1000 ДЕНАРИ“

Реалната плата паѓа, стандардот е се понизок, картели на власта профитираат на грбот на народот. Реалната плата е помала за 5%, и со тоа Македонија ја има најлошата статистика во регионот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат дека стандардот е се понизок, народот од година во година е се посиромашен, тоа што се купувало пред неколку години за 500 денари, сега не може ниту со 1.000 денари.

- Апсурдот е уште поголем што земјоделските производи кои од земјоделците се купуваат по екстремно ниски цени на пазарите завршуваат неколкукратно поскапо. Парите наместо кај земјоделците завршуваат кај фирми блиски до власта, прекупувачи кои повеќе асоцираат на картели, отколку на бизнисмени, потенцираат тие.

Според нив власта не сака да ги реши проблемите.

Власта ги создава проблемите. Потребни се промени, стои во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2023 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2023. Vecer.mk