Договорот за набавка склучен на први септември со веледрогеријата АД Д-р. Пановски не е прв договор кој оваа клиника го склучила, каде директорка е ќерката, а понудувач таткото. Бизнис интересите и тендер политиките што оваа власт на СДС и ДУИ со години ги спроведуваа насекаде, па и во здравството, резултираа со урнисан здравствен систем, погазени права на пациентите и незадоволни лекари кои масовно го напуштаа јавното здравство, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Додаваат дека во овој случај каде се добива одговор дека една изјава за изземање го оправдува доделувањето тендери од еден на друг во кругот на семејството се поставува прашањето каде е моралната вертикала која ќе спречи злоупотреба на процесот или судирот на интереси?
- Дополнително, ако се отвори веб страната на ЈЗУ УК за хематологија ќе се увиди дека последен објавен годишен план за јавни набавки е во 2021 година. Каде е транспарентноста за која зборуваат, и уште поважно зошто не се објавени годишните планови за јавни набавки за 2022 и 2023 година? - прашуваат тие.
Ваквите состојби во здравството придонесуваат да расте недовербата во јавното здравство и може да се заклучи дека со власта на СДС и ДУИ единствено што се менува во здравството се луѓето кои седат на министерските фотелји, стои во соопштението.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата