Телеком е извор на корупција, фирма во која државата има значителен удел во сопственоста е - вон контрола на државата.
За корупцијата од 5 милиони евра во Телеком, во време кога премиер беше Владо Бучковски, а според американскиот суд врќена е корупција и со функционери на ДУИ да не се воведе трет мобилен оператор, и да му се обебзбеди по поволна пазарна положба на Телеком.
Десетина пати во јавноста, порталите, и социјалните мрежи се објавуваа мејлови и преписки во кои се гледа учество на луѓе од врвот на оваа власт кои тогаш биле биле на високи функции во Телеком, но, засега нема истраги околу тоа, како ни македонска пресуда за тројцата функционери од власта во времето на Бучковски и неговите соработници од ДУИ за кои судот во САД, во процес против Телеком, утврди дека учествувале во корупција.
Идната власт ќе мора да му се посвети на Телеком подетално, и по темелно за да се утврдат сите факти, завршат започнати судења и истражи одговорност на функционерите затоа што во Телеком има државен капитал.
А Телеком тера по старо, не е имун ни на непотизам.
Во случај во кој има сериозни индиции за непотизам во Македонски Телеком сопругата на генералниот директор Никола Љушев, Наташа, станала една од главните менаџери во компанијата во која свој удел има владата која поставува и свои членови на управен одбор.
Наташа Љушева за која веќе имаше еден скандал пред 3 години кога била вработена во Службата за продукт маркетинг во Сектор за маркетинг за приватни корисници сега е главен менаџер на секторот Дигитализација односно станала еден од најважните десет менаџери во компанијата која има промет од стотици милиони евра.
Според стандардите на компанијата Наташа Љушева нема ниту соодветно знаење ниту искуство за да стане еден од главните менаџери во Македонски Телеком. Од таму обвинуваат сака се работи за класичен непотизам и тврдат дека ако нејзиниот сопруг не е генерален директор таа веројатно, според стандардите, не би имала никаква одговорна функција.
Наташа Љушева била унапредена заедно со уште неколку директори во последните промени во Телеком кога биле ,,исчистени” старите кадри на Заев и се поставени луѓе блиски на актуелниот лидер на СДСМ Ковачевски.
Љушев минатата година направи чекор за кој има сериозни индиции за прекршување на законот за што се уште трае истражувањето на expres.mk кој се консултира со централата на Телеком и домашни правни и телекомуникациски експерти. Никола Љушев е близок на премиерот Ковачевски со кого неодамна беа во посета на седиштето на Дојче Телеком кој е сопственик на Македонски Телеком.
Покрај за Наташа Љушева, од 2020-та година и други сопруги и роднини на директори во Телеком кои се вработени во Телеком:
Гордана Пројкоска, Сектор за продажба за приватни корисници, сопруга на Славко Пројкоски , кој е Главен директор за финансии на Македонски Телеком.
Драгана Станчева, Служба за продукти и сервиси за деловни корисници, Сектор за маркетинг за деловни корисници, сопруга на Бранко Станчев , Главен комерцијален директор за приватни корисници на Македонски Телеком.
,,Телекомот го следи скандал на планирање на одлука за технолошки вишок во услови кога менаџментот вработува свои блиски. Интересно е што Телекомот соработува и со агенции чие планирање за реорганизација го прават луѓе блиски до актуелната влада. Лидер го истражува случајот”, објави тогаш порталот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата