logo
logo
logo

ПОТВРДЕНИ ЦВРСТИТЕ ОДНОСИ МЕЃУ САД И МАКЕДОНИЈА - Мицкоски и Лутник со телефонски разговор

Vecer | 10.04.2025

ПОТВРДЕНИ ЦВРСТИТЕ ОДНОСИ МЕЃУ САД И МАКЕДОНИЈА - Мицкоски и Лутник со телефонски разговор

Премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук објави дека вчера телефонски разговарал со американскиот државен секретар за економија Хауард Лутник за македонско-американското стратешко и економско партнерство. Било нагласено дека стратешкото партнерство со САД е врвен приоритет за Владата, како и важноста на американската поддршка за стабилен и просперитетен Балкан, а посебно за прашањата кои се од витално значење за економската соработка.

– Во текот на вчерашниот ден остварив телефонски разговор со американскиот државен секретар за економија, Хауард Лутник – пријател на Македонија и докажан поддржувач на нашата земја, кој веќе еднаш го посети Скопје. Во духот на блиското македонско-американско партнерство, потврдивме дека нашите односи се цврсти, пријателски и исполнети со заемна доверба, при што истакнав и дека стратешкото партнерство со САД е врвен приоритет за Владата. Ја нагласив важноста на американската поддршка за стабилен и просперитетен Балкан, а посебно за прашањата кои се од витално значење за економската соработка. Се согласивме да продолжиме да го развиваме стратешкото и економско партнерство помеѓу двете земји, наведува премиерот Мицкоски во објавата на ФБ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk