logo
logo
logo

Сведочи таткото на Вања: Претставуван сум во спротивно светло, ОВИЕ ЛУЃЕ НЕ ГИ ПОЗНАВАМ, А ТИЕ НЕ ЧУВСТВУВААТ НИ ПОКАЈАНИЕ

Vecer | 07.04.2025

Сведочи таткото на Вања: Претставуван сум во спротивно светло, ОВИЕ ЛУЃЕ НЕ ГИ ПОЗНАВАМ, А ТИЕ НЕ ЧУВСТВУВААТ НИ ПОКАЈАНИЕ

Психички не знам колку сум подготвен, но сакам да дадам исказ. Заради Вања. Во текот на истрагата и тука во судницата беа изнесени невистини. И поради Миња, на која сакам да ѝ порачам дека тато е истиот човек од четврти декември и сум претставуван во екстремно спротивно светло. Решив да ги потиснам емоциите и да го дадам овој исказ за сите што ме познаваат – немам никаква инвловираност со овие луѓе кои не чувствуваат ниту вина ниту покајание ниту разочарание од т. н цар, рече во обраќањето Александар Ѓорчевски, таткото на Вања, кој на денешното рочиште за нејзиното убиство го дава својот исказ како осомничен, пренесе Република.

Слушав како ја грабале во вреќи, ја трескале по гепеци и сакале да ги замачкаат трагите како со Панче. Сметам дека дадов голем придонес во истрагата во која учесници беа Гоце Трајковски и полицајците од Сејф сити. Не забележав дека кај нив има покајание и не верувам дека ќе престанеа со убиствата. Не ги познавам ниту пак сега можам да ги гледам. Замижани ми се очите. Имам слушнато за објектот Тифани во чија близина живеам и тогаш слушнал но не за Палевски туку за Упа. Го немам запознаено. Зорица со родителите живееше во т. н зграда на Упа, иако сите знаевме дека е изградена од Страшо од Гранит, рече меѓудругото Александар.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk