logo
logo
logo

ТАРАВАРИ СО АПЕЛ до присутните на настанот кои не се пријавиле на лекар, да го сторат тоа кај нивните матични лекари или во болниците

Vecer | 17.03.2025

ТАРАВАРИ СО АПЕЛ до присутните на настанот кои не се пријавиле на лекар, да го сторат тоа кај нивните матични лекари или во болниците

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска на прес-конференција испрати апел до сите оние кои присуствувале на трагичниот настан во Кочани а не се пријавиле на лекар, да се пријават кај нивните матични лекари во болниците во Кочани или Штип, или пак во трите болници во Скопје.

Како што напомена министерот, состојбата на сите пациенти до сега е стабилна.

-Состојбата на сите пациенти до сега е стабилна. Да се надеваме дека нема да има компликации или влошување на состојбата. Континуирано добиваме информации од сите болници каде што се сместени нашите пациенти, како и од нашите центри тука во Скопје, состојбата е комплетно под контрола. Уште еден апел до сите луѓе коишто ја поминаа таа трагична состојба вчера во Кочани, а кои не се пријавиле на лекар, ги молам да се пријават кај нивните матични лекари или во болниците во Штип или во Кочани или во трите болници во Скопје, доколку имаат каква било симптоматологија, рече Таравари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk