logo
logo
logo

Таравари: Мицкоски е супер коректен, ИМА ДОБРИ ОДНОСИ СО И ТОА СИТЕ ГО ЗНААТ

Vecer | 08.04.2025

Таравари: Мицкоски е супер коректен, ИМА ДОБРИ ОДНОСИ СО И ТОА СИТЕ ГО ЗНААТ

Арбен Таравари во емисијата ClickPlus на ТВ21 зборуваше и за евроинтегративниот процес на Македонија и постапката за уставните измени.

Тој изјави дека го радува фактот што премиерот Христијан Мицкоски има одлични односи со САД, но во врска со уставните измени, Таравари откри дека Мицкоски побарал гаранција од Брисел и Вашингтон.

Што се однесува до европските интеграции, првиот договор беше токму интеграцијата на Македонија. Мене ме радува фактот што господинот Мицкоски има одлични односи со САД, и тоа сите го знаат. Исто така има коректни односи со земјите од Европската унија. Единствениот проблем е што господинот Мицкоски бара некаква гаранција дека ова ќе биде последниот услов. Ако може да се најде решение за таа гаранција, која треба да ја дадат Брисел или Вашингтон… Мицкоски вели: „Да ги направиме уставните измени, бидејќи ги имаме бројките, но нивната примена да биде откако ќе станеме членка на ЕУ, затоа што тогаш веќе нема да може Македонија да се условува”, изјави Таравари, појаснувајќи дека ова не е условување од страна на Мицкоски кон ЕУ, туку дека тој бара гаранција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk