logo
logo
logo

Таксист возејќи по „Словенечка“ доживеал срцев удар, па излетал од патот и удрил во дрво

Vecer | 01.06.2024

Таксист возејќи по „Словенечка“ доживеал срцев удар, па излетал од патот и удрил во дрво

Вчера попладне во 17:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Словенија“ во Скопје Ќ.В.(62) од Скопје, кој управувал патничко возило за такси превоз „шкода рапид“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувал патник, откако му се слошило, со возилото излетал од коловозот и удрил во дрво.

По несреќата возачот бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“, каде од страна на лекар била констатирана смрт како последица од срцев удар.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk