logo
logo
logo

Студентскиот Пелагонија НЕМА ПАРНО како и зградата до него, ДИРЕКТОРОТ НЕ ДАВАЛ НА ЕСМ ДА ИНТЕРВЕНИРААТ?

Vecer | 26.10.2022

Студентскиот Пелагонија НЕМА ПАРНО како и зградата до него, ДИРЕКТОРОТ НЕ ДАВАЛ НА ЕСМ ДА ИНТЕРВЕНИРААТ?

Студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје и зградата до него уште немаат парно, бидејќи на екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина не им се дозволува да интервенираат.

Потстаницата за домот и за зградата која има три влезови и 72 станови се наоаѓа во просториите на „Пелагонија“ и за да добијат зградите парно треба да се интервенира внатре. Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина неколкупати се оневозможени да го пуштат парното, оти директорот на домот Агим Фејзулаху бара и станарите да плаќаат за одржување на потстаницата, објави СДК.мк.

Според ЕСМ службените екипи на ЕСМ Дистрибуција на топлина во неколку наврати се обиделе да интервенираат на пумпата за улица Боте Боцевски бр. 18, која се наоѓа во студентскиот дом ‘Пелагонија‘ кој е на улица Боте Боцевски бр. 10.

Директорот на студентскиот дом „Пелагонија“Агим Фејзулаху, пак, вели дека не е точно оти не ги пуштиле екипите на ЕСМ, туку тие сами си заминале откако им го покажале барањето за одвојување на трошоците со станарите.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk