logo
logo
logo

Студентите НЕМА ДА ДОБИЈАТ ПО 160 ДЕНАРИ ЗА ОБРОК, власта го одби предлогот

Vecer | 13.12.2022

Студентите НЕМА ДА ДОБИЈАТ ПО 160 ДЕНАРИ ЗА ОБРОК, власта го одби предлогот

Власта нема да им даде по 160 денари за студентски оброк на студентите. Денеска Собранието го одби предлогот на дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ по скратена постапка да се носи предлог-законот за изменување на Законот за субвенциониран студентски оброк. Со овој предлог, пратениците бараат износот на субвенција за студентскиот оброк да се зголеми од 120 на 160 денари.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски рече дека тие нудат конкретно решение, и оти пари во Буџетот има. Тој ги повика пратениците веднаш да ја изгласаат потребата преку собраниските комисии да се изгласа законско решение со кое до крајот на годината наместо 120, студентите ќе добијат 160 денари за студентски оброк.

„Скоро еден месец подоцна од театрите во Собранието, нема скоро ништо од она што го ветуваа дека ќе се исполни. Што добија студентите еден месец подоцна? Не ги лажете луѓето, децата не ги носете по увиди, станете сериозни и почнете да прифаќате законски решенија со кои ќе им помогнете на студентите“, рече Стојаноски.

Собранието, не ги усвои ниту предлозите на дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ по скратена постапка да се носат предлог-законите за дополнување на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица и за дополнување и изменување на Законот за данокот на додадена вредност.

Собранието на денешната седница ја утврди потребата по скратена постапка да се донесат неколку закони предложени од Владата, меѓу кои законите за извршување на буџетот за 2023 и предлог-законот за дополнување на законот за концесии и јавно-приватно партнерство и ги задолжи матичните комисии да расправаат по предлозите.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk