logo
logo
logo

Стојкоски: Се дигитализираат општинските услуги во Ѓорче Петров

Vecer | 27.03.2022

Стојкоски: Се дигитализираат општинските услуги во Ѓорче Петров

Наскоро ќе презентираме мобилна и веб-апликација со која Општина Ѓорче Петров уште повеќе ќе се доближи до жителите, низ транспарентен процес ќе ја зајакне довербата во општинските служби и ќе ја зголеми ефикасноста во работата на локалната власт, напиша на Фејсбук градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски. -Следејќи ги глобалните трендови и динамиката на современото живеење, потребата од дигитализирање на сите услуги кои ни се потребни во секојдневието е сè поголема и неопходна. Интерактивната дигитална платформа ќе им овозможи на граѓаните и на локалната власт да комуницираат директно и со еден клик да придонесат кон создавање вистинска современа и европска смарт-општина. Наскоро, со користење на вашиот мобилен телефон, таблет или компјутер, ќе можете да ги добиете потребните документи, да поставите прашање и пријавите проблем, да добиете детални податоци од нашите служби или пак да аплицирате за субвенции. На овој начин, се поедноставуваат сите административни процедури, со што се намалува потрошувачката на хартија, како и долгите редици низ институциите, истакна Стојкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk