logo
logo
logo

Стоилковски: Милионерот Љушев, другар на Ковачевски од СДС, ја вработил сопругата како директор на сектор, во нормална држава би поднел оставка за непотизам

Vecer | 22.09.2023

Стоилковски: Милионерот Љушев, другар на Ковачевски од СДС, ја вработил сопругата како директор на сектор, во нормална држава би поднел оставка за непотизам

Почитувани, се што е поврзано со СДС не е далеку од непотизам, корупција и од криминал. И секако, сето тоа поврзано со немање чувство за морална одговорност, рече во денешното обраќање до јавноста Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

- Во зградата зад мене на Македонски Телеком, компанија во која голем удел има и државата, седи човек Никола Љушев којшто е близок другар на Димитар Ковачевски и којшто зема месечна плата од 11.500 евра.

Како што не е тајна блискоста на сега милионерот Љушев со Ковачевски, не е тајна и скандалот со вработувањето и ѕвездената кариера на неговата сопруга во истата компанија.

Милионерот Љушев веројатно во економска криза малку му се 11.500 евра месечно па ја вработува сопругата како секторски директор во Телеком, рече Стоиловски и порача дека

во секоја голема, нормална европска фирма, особено каде што државата има удел, и каде што се вреднуваат европските норми и би се избегнувале корупциските и непотистички зафати, ова би било скандал со огромни размери коишто би довеле до оставки и повлекување од морални причини.

- Секако ако вакви зафати  прави првиот човек на компанијата, генералниот директор, тоа станува воспоставена практика во компанијата, па вакви случаи во македоснкиот Телеком има во серија.

Но како што нагласив на почеток, се што се доведува во врска со Ковачевски и со СДС, не е далеку од корупција, неказнивост, неетичност и секако во верба во неказнивоста!, додаде Стоилковски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk