logo
logo
logo

Стигна потврда ЃОКА КОНСТРАКШН НЕМА ДА ГРАДИ КАТНИ И ДА УПРАВУВА СО ПАРКИНГОТ кај Клинички

Vecer | 11.03.2025

Стигна потврда ЃОКА КОНСТРАКШН НЕМА ДА ГРАДИ КАТНИ И ДА УПРАВУВА СО ПАРКИНГОТ кај Клинички

Министерот за здравство, Арбен Таравари, на денешната прес-конференција објави дека Министерството се откажува од концесискиот договор со албанската компанија „Ѓока Констракшен“, која требаше да управува со паркингот на Клиничкиот центар.

Премиерот Христијан Мицкоски претходно изјави дека Владата нема донесено одлука и дека договорот со албанската компанија за стопанисување со паркингот на Клиничкиот центар во Скопје не е потпишан.

„Ако јавноста вели ‘не сакаме’, тогаш нема да го потпишеме“, нагласи тој, демантирајќи дека веќе е донесена конечна одлука.

Министерството за здравство сега бара ново решение за управување со паркингот, при што постојат две можни опции – ЈП „Градски паркинг“ да изгради две катни гаражи и да управува со нив или оваа задача да ѝ се довери на Службата за општи и заеднички работи при Клиничкиот центар.

Очекувањата се дека Министерството наскоро ќе донесе конечна одлука за идниот модел на управување со паркингот, со цел обезбедување на подобри услови за пациентите и посетителите на Клиничкиот центар.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk