Вечерва, сабота, 23 септември, со почеток во 20 часот, во паркот „Македонија” (кај домот на култура „Билјана Беличанец”), стенд ап настап ќе има Бојан Велевски, еден од најактуелните комичари кај нас периодов.
Настапот е дел од неговата голема турнеја, најголемата стенд ап турнеја во Македонија, но и дел од стратегијата и заложбите на Општина Кисела Вода за обезбедување квалитетни и актуелни содржини за своите граѓани.
- Ги покануваме сите оние кои се расположени да поминат една убава вечер исполнета со смеа и забава да бидат дел од овој настан. Влезници не се потребни. Ве очекуваме!, велат од Општината.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата