Во општина Гази Баба од 5 часот утрово се рушеа дивоградби. Градоначалникот Бобан Стефковски, утрово сподели видео од рушење на дивоградба во Инџиково.
Тој порача дека нема да прави компромис со Законот.
„Од 5 часот утрово сум на терен заедно со инспекциските служби. Се реализира акцијата за уривање на дивоградбата во Инџиково. Место за дивеењето на урбаната мафија во Гази Баба нема. Компромис со Законот, ниту сум правел, ниту ќе правам.На ова место во Инџиково ќе има детска градинка“, вели тој.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата