logo
logo
logo

СКОК НА ЦЕНИТЕ! Еве за колку поскапело се

Vecer | 07.04.2022

СКОК НА ЦЕНИТЕ! Еве за колку поскапело се

Трошоците на живот во март се зголемени за 8,8 проценти во споредба со март лани, а цените на мало за 9,6 проценти. Во однос на февруари има зголемување за 1,6 проценти, а кај цените на мало за 1,5 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Податоците покажуваат дека пораст на трошоците на живот во однос на февруари има кај млекото за 7,3 проценти, јајцата за 6 проценти, свежото и разладеното овошје за 5,9 проценти, лебот и житата за 5 проценти, пивото за 2,9 проценти, маслото за 1,7 проценти, месото, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 1,3 проценти, кафето, чајот, какаото за 1,2 проценти…

Пораст е забележан и кај гасот за домаќинствата за 8,2 проценти, течните горива за домаќинствата за 8,1 проценти, горивата за превозните средства за 6,1 проценти….

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk