logo
logo
logo

СПЦ ЈА ПРИЗНА АВТОКЕФАЛНОСТА НА МПЦ-ОА

Vecer | 24.05.2022

СПЦ ЈА ПРИЗНА АВТОКЕФАЛНОСТА НА МПЦ-ОА

Српската православна црква (СПЦ) ја призна автокефалноста на Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА). Одлуката ја соопшти поглаварот на СПЦ,  Порфириј денеска на заедничката литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

Патријархот Порфириј, поглаварот на Српската православна црква прв одржа говор по заедничката литургија меѓу двете цркви.

Ви носиме уште една радост. Светиот Собор на СПЦ едногласно излезе во пресрет на молбата на МПЦ-ОА, го одобрува и ја прифаќа автокефалноста.

„Да се радуваме денеска, со нас денеска се радува целата црква, се радува и небото и земјата, се радуваат сите кога браќата се сакаат и кога го слават името Божје.

Да се радуваме сите ние кои после 55 години служевме Света литургија, прво во Белград, а сега и во Скопје, за само неколку дена.

Бог не ги постави границите да се делат луѓето. Границите значат можност секој народ подобро да се организира да има свој посебен печат. Не да се затвори во себе, не да биде самозаљубен. Бог ја создаде различноста и секому даде дар на посебност.

Затоа секогаш треба да знаеме дека сите треба едно да бидеме, иако сите сме разлини, во едно сме единствени. Во Христа сме едно.

Еден е Господ и една е црквата негова и една е верата наша.

Затоа денеска неописиво се радуваме. Пред нашите се случува чудо. Ние сме дел од тоа чудо.

Вашата љубов и молитви и во Белград и тука помогнаа да се надмине искушението и Господ да направи чудо. Дека не можеме едни без други. Воспоставивме единство

Ви носиме уште една радост. Светиот Собор на СПЦ едногласно излезе во пресрет на молбата на МПЦ-ОА, го одобрува и ја прифаќа автокефалноста – заклучи во својот говор српксиот патријарх.

Тој додаде дека Светиот собор на СПЦ ставил на должност на Синодот во соработка со архиеписопот Стефан и неговиот Синод, да разработат техничко-организациски детали, по што ќе следи свеченото прогласување на официјален акт.

– Потоа ќе бидат известени сите помесни православни цркви по својот канонски ред и тие да го прифатат афтокефалниот статус на МПЦ-ОА, рече патријархот Порфириј.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk