Македонската јавност е потресена од веста за убиеното 14 годишно девојче Вања Ѓорчевска. Тага и гнев кај граѓаните, трагедија која ги потресе сире.
Социјалните мрежи се преполни со коментари за тоа каква казна треба да ги снајде насилниците. Веднаш почна да се шири петицијата со која се бара смртна казна за убијците на Вања.
Во дел од коментарите се вели и дека треба да се воведе посебна казна, бидејќи „затворската казна, колку и да е голема во Македонија, не е соодветна казна за овие монструми“.
Инаку вчера беше пронајдено телото на четиринаесетгодишното девојче Вања Ѓорчевска. Во нејзиното убиство учествувале пет лица.
Покрај телото на Вања е пронајден уште еден убиен Панче (74), фризер. Истите лица, како што соопшти македонското обвинителство, ги убиле Вања и Панче.
Според МВР, мотивот е користољубие, додека според нивните наводи таа била убиена истиот ден кога била киднапирана.
На денешната прес конференција која ја одржааа МВР и Обвинителството беше појаснето дека 14-годишната Вања Ѓорчевска била грабната на излегување од дома, во влезот на зградата.
Како што кажаа и биле врзани рацете и нозете, била ставена во вреќа за спиење и ставена во гепек.
Вања Ѓорчевска е грабната во самиот влез на нејзината зграда. Веднаш со врзани раце и нозе е сместена во вреќа за спиење и ставена во гепек на украдениот цитроен, изнесена е надвор од Скопје и потоа е извршено убиството – изјави обвинителот Гаврил Бубевски во текот на денешната прес конференција како одговор на новинарско прашање.
Киднаперите претходно вечерта од таткото биле информирани дека Ѓорчевска ќе оди на училиште сама и кога ќе излезе.
Како што кажа Спасовски, Ѓорчевска е киднапирана со цел да се изнудат пари од нејзината мајка, а набрзо потоа била убиена со пиштол. Убиецот ја убил исплашен од доказите до кои може да дојде полицијата на веќе започната истрага по пријавата.
Осомничени се пет лица, тројца се во притвор, едно е надвор од државата, а петтото лице- таткото на малолетничката е приведен и со него е извршен разговор
Мотивот е користољубие, при што едно од лицата во договор со близок член на семејството, го организирал извршувањето на делото, со цел да се изнудат пари од мајката на малолетничката. За другата жртва, Панче од Велес, нема никаква врска со Вања, но поради нерасчистени односи со еден од осомничените, неговото возило е употребено за грабнување на малолетничката од влезот од каде што живеела. Според исказите на осомничените, таткото споделил информации со организаторот за денот и времето на нејзиното излегување сама од дома, кажа Спасовски на прес конференцијата
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата